Logo

Нов вид ан праќање пораки

Со порастот на владините програми за надзор и прислушкување, qTox нуди апликација која е лесна за користење и овозможува поврзување со пријателите и семејството без да бидете прислушкувани. Додека познатите компании наплаќат за ваквиот вид услуги, qTox е сосема бесплатен, и не наметнува реклами.

За qTox

Денес, секоја влада се интересира за тоа што го кажуваме на интернет. qTox е граден според принципот „приватноста на прво место“, и не правиме компромиси. Вашата безбедност ни е главниот приоритет, и не постои ништо на светот што ќе го смени тоа.

Текстуални пораки, видео конференции и повеќе

Screenshot

Пораки

Допишете се.
Секогаш информирани со инстанти, енкриптирани пораки.

Повици

Јавете се.
Користете бесплатни и безбедни qTox до qTox повици.

Видео

Видете се.
Кажете си ги новостите лице в лице преку безбеден видео повик.

Безбедност

qTox сериозно ја сфаќа вашата безбедност.
Сопрвокласна енкрипција, можете да бидете сигурни дека единствените луѓе кои ги читаат вашите пораки се тие на кои им ги праќате.

Лесно за користење

За разлика од други продукти за безбедна комуникација, qTox не ви бара да сте компјутерски програмер за да го користите. qTox е лесен за користење со интерфејс кој не ви го одзема вниманието од разговорите.

Слобода

qTox е слободен и бесплатен за користење. Слободни сте да го користите и модификувате qTox. Исто така, qTox никогаш нема да ви наметнува реклами, или да ви бара пари за услугите.